Porsche ги објави деталите за своите пазарни перформанси во првиот квартал од 2023 година, а според податоците, има пораст од 18 отсто во однос на истиот период лани, односно 80.767 испорачани автомобили. Ова е бројна најдобра досега.
Најпродаваниот нов автомобил на Porsche во првите три месеци од 2023 година беше теренецот Macan, кој забележа импресивен пораст од 30% до 23.880 примероци.
На второ место е Cayenne со 23.387 продажби (+23%), а потоа следи семејството 911 со 11.063 примероци (+19%).
Panamera забележа раст од 10% до 8.479 единици, а 100% електричниот Taycan намалување од 3% на 9.152 единици. Дополнителни 4.806 единици (+6%) дојдоа од 718 Boxster и 718 Cayman.
„Задоволни сме од овој извонреден резултат. Тоа ја покажува силната побарувачка за нашите производи и силата на нашиот бренд“. изјави Детлев фон Платен, член на Извршниот одбор за продажба и маркетинг во Porsche AG. „Особено е пријатно што можевме да објавиме добивки во секој продажен регион – и покрај сè уште нестабилната економска ситуација и ограничената достапност на делови“.
Најголема побарувачка за производите на Porsche во првиот квартал од 2023 година има и во Кина – 21.365 единици (+21%), а потоа следи Северна Америка со 19.651 единици (+30%).