По се изгледа Porsche излезе од коронакризата. Доказ за тоа се официјалните финансиски перформанси за првиот квартал годинава. Според истите, во првите три месеци годинава оперативниот приход е дуплиран и сега изнесува 1,2 милијарди евра.
Голем придонес за тоа има продажбата на автомобили која се зголеми за 36% во првиот квартал при што германскиот производител на глобално ниво испорача речиси 72 илјади автомобили.
Најпродаваниот модел во првите три месеци останува Macan кој е продаден во 22.458 примероци. Втор најпродаван модел е легендарната 911-ка која е продадена во 9.133 примероци. Следи електричниот Taycan кој е продаден во 9.072 примероци.
Аналитичарите сметаат дека Porsche на крајот на годинава може да стигне до профит поголем од 5 милијарди евра, а најголем придонес во истиот треба да има продажбата генерирана на кинескиот пазар.