Porsche 924 продаден за 261.000 долари

ОБЈАВЕНО НА:

Реткиот автомобилот Porsche 924 Carrera GTS е многу популарен кај колекционерите. Доказ за тоа е продажбата на еден примерок од овој автомобил по цена од 261.000 американски долари.

Германскиот произвдоител има вкупно 59 примероци кои ги има произведено од овој модел, а конкретниот модел е само еден од 15-те опремени со т.н. Clubsport опрема. Оттука и релативно високата цена која ја достигна на аукцијата.

Самиот модел првично бил наменет за европскиот пазар, а потоа се користел и како хомологациски модел за четири трки организирани од страна на FIA. Претходниот сопственик го купил овој автомобил во Штутгарт во 2014 година па сега се одлучил да го продаде.

Инаку овој автомобил доаѓа со 2,1 литарски четирицилиндрен мотор со турбополнач кој развива 280 КС. Впарен е со петстепен мануелен менувач и диференцијално ограничување на пролизгувањето.

Во понудата на Porsche, овој автомобил чиј дизајн е дело на Харм Лагиј, е воведен во 1976 година и е задржан се до 1988 година. Должината изнесува 4.200 мм додека пак тежината 1.080 кг.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK