Одржувањето на вредноста на автомобилот е еден од одлучувачките фактори при купување на ново возило. Некои автомобили брзо ја губат вредноста, други држат цена, а притоа законите на пазарот ја регулираат цената на половните возила секако водејќи сметка и за состојбата и годиштето на возилото.
Германскиот издавач Hanns W. Schwacke во 1957 година ја објави својата прва анализа на одржување на вредноста на автомобилот по модели и оттогаш листата на Schwacke е најдобриот параметар во оваа област.
Најновото издание, објавено пред неколку дена, го даде новиот шампион за одржување на вредноста. Тоа е Porsche 911 GT3 кој после четири години губи 33,5 проценти од цената на новото возило.
Вториот шампион, модел кој губи најмала ефективна новчана вредност е целосна спротивност на Porsche. Купувачите на Dacia Sandero после четири години се на губиток од 2.390 евра во однос на цената која ја имаат платено во салонот.
Кои модели по класи најдобро на одржуваат вредноста после четири години користење?
Мал градски автомобил А-сегмент: Kia Picanto 1.2 ISG (58,1 проценти)
Субкомпактен автомобил Б-сегмент: Mini One (62,8 проценти)
Компактен автомобил: Mercedes A 250 7G-DCT (59,7 проценти)
Средна класа: Škoda Octavia 1.8 TSI DSG (53,5 проценти)
Висока средна класа: BMW 540i xDrive Automatik (52,2 проценти)
Луксузни автомобили: Porsche Panamera 4 (51,6 проценти)
Компактни моноволумени: Opel Zafira 1.6 DIT Start/Stop (53,6 проценти)
Големи моноволумени: Mercedes V 220 d 7G-Tronic (52,8 проценти)
Спортски автомобили: Porsche 911 GT3 (66,5 проценти)
Мали СУВ возила: BMW X1 sDrive 18i (59,3 проценти)
Компактни СУВ возила: Porsche Macan Turbo PDK (65 проценти)
Големи СУВ возила: VW Touareg 3.0 V6 TDI 4Motion Aut. (58,6 проценти)
Електрични автомобили: Hyundai Ioniq Elektro (58,6 проценти)