Во минатото често можеше да видиме кај автомобили на задниот дел да се поставува пластична лента (ластик) кој виси одзади и се влечат по земја. Многумина се чуделе сигурно зошто е тоа така, иако добра дел ги поставуваше на возилата.
Денеска знаеме дека нивното поставување било бескорисно, но што точно требало да биде нивната цел?
Целта на гумените ленти беше да спроведат статички
електрицитет што се создава при возење. Но, уште во 80-тите години од минатиот век, експертите ја побија оваа теорија, објаснувајќи дека автомобилските гуми ја извршуваат оваа задача 10 милиони пати поефикасно.
За гумените ленти да бидат барем минимално ефективни, треба да се закачат за металниот дел од каросеријата и истовремено да ја допираат земјата, а овие критериуми ги исполнуваат и автомобилските гуми кои се поефикасни.
Инаку, статичкиот електрицитет е многу поголем проблем кај брзите авиони. Затоа, на рабовите на крилата се инсталирани елементи од јаглеродни влакна, кои собираат електрична енергија и ја дисперзираат во атмосферата.