Полoвина од продадените возила на Toyota во Европа се хибриди

ОБЈАВЕНО НА:

Производителите на автомобили од Јапонија веќе почнуваат да ги исфрлаат дизел моторите од понудата во Европа. Тоа не е случајно бидејќи пола од продадените возила од брендот Toyota во првата половина од 2018 година се на хибриде погон.

Гигантот од Јапонија има продадено 560.000 возила во Европа во првите шест месеци што е пораст за шест проценти во однос на истиот период минатата година. Од тоа дури 257.000 возила Toyota кои се продадени во Европа се хибрити што е пораст од 23 проценти во однос на 2017 година, а воедно тоа е и 46 проценти од вкупната продажба.

Бројките се уште поимпресивни доколку се земе предвид само Западна Европа каде 58 роценти од продадените возила од Toyota се хибриди. Воедно Toyota го зголеми својо удел на европскиот пазар на пет проценти, а во понудата има 16 модели со хибриден систем.

Пораст на продажбата доживеа и премиум брендот на Toyota, Lexus со седум проценти, а од нив 62% беа хибриди, додека 99% се продадени во Западна Европа.

Најмногу во Европа од возилата на Toyota  се продава најмалиот модел, Yaris. Продаден е во 123.266 примероци, а од нив 66.306 се со хибриден погон. Потоа следуваат кросоверот C-HR со 78.369 примероци, а од нив 85% се хибриди. Најпродаваниот кросовер е Lexus NX со 15.365 примероци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK