Полнете ги резервоарите: Бензинот поскапува за 1,5 а дизелот за 2 денари

ОБЈАВЕНО НА:

Од ноќеска малопродажните цени на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 се зголемуваат за 1,5 денар, додека на Еуродизелот за два денара, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на литар еуросупер 95 ќе чини 73,50 денари, еуросупер 98 ќе биде 75,50 денари, а дизел горивото ќе изнеусва 65 денари.

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 0,50 денари и ќе чини 64,50 денари, додека на мазутот се зголемува за 1,351 денар и ќе изнесува 41,131 денари за килограм

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK