Полнел гориво 23 пати без да плати.. и….

ОБЈАВЕНО НА:

Иако постојат камери на бензинските пумпи, овој 37 годишен возач успеал дури 23 пати во градот Манитовок, Висконсин 23 пати да го наполни резервоарот на својот автомобил без да плати, пренесува Хералд Тајмс Рипортер.

Како што наведува весникот Карл Кинјон на својот автомобил Dodge Grand Caravan точел гориво од различни станици и тоа секој понеделник навечер, а по пријавите од страна на вработените на станиците полицијата започнала истрага против тогаш неидентификуваниот маж.

Кинјон вешто ги избегнувал “заседите” од страна на локалната полиција со тоа што постојано точен гориво од различни станици, но во 23от обид да избегне да плати тој беше успешно уапсен од страна на полицијата.

Според соопштението на локалната полиција тој иако направил релативно мала штета од 800 американски долари сепак му се заканува парична и/или казна затвор од една година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK