Полицијата во Велика Британија доби нови службени возила. Станува збор за Skoda Kodiaq vRS, најмоќната изведба на Kodiaq.
“Високите перформанси на Kodiaq vRS овозможува дополнителна моќност на полициските возила. Тоа овозможува прецизно возење и голема прегледност на другите возила” изјави Хенри Вилијамс од претставништвото на Skoda во Велика Британија.
Kodiaq vRS под хаубата доаѓа со 2.0 литарски TDI битурбо дизелски мотор кој продуцира 237 КС. Доаѓа заедно со автоматски менувач и погон на сите четири тркала, а до 100 км/ч забрзува за 7 секунди при максимална брзина од 219 км/ч.
Модификација има во внатрешноста каде меѓу другото е додаден 10.25 инчен екран осетлив на допир.