Сагата околу рестартирањето на производството во фабриакта на Tesla во Калифорнија продолжува откако полицијата во Фримонт упадна во фабриката.
Реакцијата на локалната полиција следи откако Илон Маск го објави рестартирањето на производство и покрај тоа што од округот Аламеда не ја тргнаа забраната за работа на производствените погони.
Полицијата го состави записникот кој го достави и до надлежните власи. Останува они врз основа на записникот да изречат соодветни казнени мерки, а според тамошните закони на одговорните лица им се заканува и казна затвор.
Маск пред само неколку денови најави дека нема да ја почитува одлуката на локалната власт и рече дека доколку полицијата уапси некого тоа треба да биде тој.