Полицијата во Италија уапси 37-годишен маж затоа што возел изнајмено Maserati Levante по скалите во Рим, Trinità dei Monti, познати и како Шпански скали.
Снимката од безбедносните камери го снимила црниот Levante како се спушта по скалите во раните утрински часови. Очигледно, возачот на Maserati не размислувал за бизарниот обид да се спушти бидејќи регистерските таблички на теренецот биле целосно видливи за локалните власти кои можеле брзо да му влезат во трага и да стигнат до компанија за изнајмување возила со седиште во Милано.
Објавувајќи ја случката на Фејсбук, римската полиција потврди дека успеале да го идентификуваат возачот на автомобилот благодарение на помошта од компанијата за изнајмување автомобили. Тој бил уапсен на аеродромот во Милано Малпенса при обид да го врати автомобилот.
Според Скај њуз возилото предизвикал кршење на 16-то и 29-то скалило од десната скала и дека тие морале привремено да се поправат за да се овозможи континуирана употреба. Телото за заштита на културното наследството на Рим соопшти дека некои од фрагментите биле повторно прикачени на скалите, но додаде дека ќе биде потребна дополнителна работа за соодветно обновување.
Мотивите на мажот зад бизарниот трик остануваат нејасни. Шпанските скали се наоѓата од црквата Тринита деи Монти на врвот до Пјаца ди Спања во основата. Тие се изградени помеѓу 1723 и 1725 година и се една од најпопуларните туристички атракции во Италија.