Polester 2 премиерно на 27 февруари

ОБЈАВЕНО НА:

Откако минатиот месец со тизер го најави доаѓањето на моделот 2, Polester сега повторно со тизер го потврдува точниот датум на премиера на најновиот модел.

Според официјалното соопштение, премиерата на Polester 2 ќе биде одржана на 27. февруари на специјално организиран настан кој во живо ќе биде емитуван на YouTube.

Шведскиот производител основан во 1996 година од страна на Volvo, на пазарот доаѓа како вистински конкурент на моделот 3 на Tesla, а покрај на европскиот, Polester на моделот на Tesla ќе му конкурира и на американскиот и кинескиот пазар.

Она што од претходно е познато е дека овој модел во целост е развиен на CMA платформата која се користи и кај дел од актуелните модели на Volvo. Овој модел располага со 395 КС, а со едно полнење ќе може да оствари дострел од околу 480 км.

Производството на овој модел ќе се одвива во фабриката во Чанду, Кина, каде се спроведува и производството на моделот 1 на Polestar. Покрај во продажно-изложбени салони, овие модели ќе може да се порачуваат и онлајн, а во одредени земји ќе се нудат со 2 и 3 годишна претплата.

Цената на овој модел останува непозната и официјално ќе биде откриена на денот на светската премиера.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK