Поевтинуваат горивата за ДВА денари

ОБЈАВЕНО НА:

Од ноќеска на полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОДИЗЕЛ(Д-Е V) поевтинуваат за два денари за литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 81,5, а на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 75,5 денари за литар.
ЕУРОСУПЕР БС – 98 и понатаму ќе се продава за 85,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 76,5 денари за литар.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,248 отсто, кај дизелот за 3,956, кај екстра лесното масло за 3,804 и кај мазутот за 5,692 отсто.
Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,202% отсто.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK