По 26 години Jeep повторно има пикап во понудата

ОБЈАВЕНО НА:

По пауза од 26 години американскиот производител Јееp повторно воведува пикап во својата понуда. Станува збор за моделот Gladiator кој се темели на Wrangler.

Овој модел кој Jeep премиерно го прикажа на актуелниот саем во Лос Анџелес на американскиот пазар ќе се натпреварува со Chevrolet Colorado, GMC Canyon, Ford Ranger, Toyota Tacoma, Honda Ridgeline и Nissan Frontier. Во целост се темели на истата платформа како и Wrangler, а името доѓа од историскиот модел Jeep Gladiator кој беше дел од понудата на американскиот производител помеѓу 1962 и 1988 година.

Ентериерно и екстериерно овој модел е идентичен како и Wrangler. Единствена разлика се димензиите односно должината која е поголема кај Gladiator. Овој модел достапен ќе биде во четири изведби и тоа Sport, Sport S, Overland и Rubicon. Интересно за овој модел е тоа што предните и задните врати можат многу лесно да бидат демонтирани.

Во понудата доаѓа со неколку видови на мотори. Основниот е бензински 3.6 литарски V6 со VVT технологија и стоп-старт систем, а максимум ќе продуцира 280 КС. Тука е и 3.0 литарскиот дизелски V6 мотор кој во понудата ќе биде воведен во 2020 година. Двата мотори ќе бидат достапни со мануелни и автоматски менувачи.

Комерцијализацијата на овој модел е најавена за следната година, а целото производство ќе се одвива во фабриката во Толедо (Охајо).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK