По 20 години: Првпат пад на продажбата во Кина

ОБЈАВЕНО НА:

По 20 години континуиран пораст, продажбата на нови автомобили во Кина за прв пат забележа пад на годишно ниво, пренесува BBC.

Годишната продажба за 2018 година забележа пад од 6% во однос на претходната па така изминатата година според CPCA во Кина се продадени 22,7 милиони нови автомобили.

За овој пад постојат повеќе причина. Првата причина се однесува на трговската војна на релација Кина-САД што предизвика негативни ефекти врз одредени иднустриски гранки поврзани со автомобилската индустрија во оваа азијска земја.

Како друга причина се наведува успорениот раст на економијата на Кина во целост, а причина плус е и одредениот степен на заситеност на кинескиот пазар кој доаѓа по континуираниот раст изминатите 20 години.

Аналитичарите очекуваат оваа година продажбата во Кина да забележи раст, особено продажбата на електрични автомобили.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK