Пијан официр со автомобил удрил во Миг-29

ОБЈАВЕНО НА:

Украинските медиуми објавија фотографии од судар во кој учествувале воен авион Mig-29 и Volkswagen Touareg. Настанот се случил во воздухопловната база Василкив, во киевската област во Централна Украина.

Главен виновник е пијан официр од 40. тактичка воздушна бригада, како возач на автомобилот, кој решил да седне зад воланот. При тоа возејќи на аеродромската писта, тој удрил во воениот авион.

Покрај тоа што е причинета голема материјална штета на автомобилот, причинета е и голема штета на воениот авион. Со сериозни повреди се здобил и пијаниот официр.

Украинските медиуми пренесоа и дека против официрот е покрената соодветна пријава.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK