Компанијата Peugeot направи троен успех за време на годинешното учество на престижниот конкурс „Автомобил на годината ARGUS 2019“, откако новото 508 беше избрано за победник во главната категорија на натпреварот, а концепциската изработка e-LEGEND доби специјална награда од жирито.
Доминантното претставување на францускиот бренд беше дополнето и под формата на уште едно признание за 508, кое беше одликувано и во категоријата „Луксузен семеен седан“.
„Горди сме на тоа што новото Peugeot 508 ја доби наградата ’Автомобил на годината Argus 2019. Тој трофеј го одразува квалитетот, кој го нуди новото Peugeot 508 во однос на задоволството од управувањето, квалитетот на изработка, дизајнот и односот нудење-цена“, вели Жан-Филип Импарато, кој е извршен директор на Peugeot.
Од Peugeot објавуваат и интересна вест за импресивен конценциски дизајн на е-LEGEND, кој дебитира за време на меѓународната изложба во Париз на почетокот на октомври. Од премиерата на целосно електричното возило, до моментов со онлајн петиција се собрани повеќе од 51.000 гласови за воведувањето на моделот во сериско производство.