Peugeot се враќа на Леман по повеќе од една деценија откако ја прекина победничката низа на Audi на најпознатата 24-часовна трка во светот.
Францускиот производител на автомобили, кој последен пат се натпреваруваше на Леман во 2011 година кога не успеа да ја одбрани титулата, се подготвува со пар на хибридни машини со погон на сите тркала за Светското првенство во издржливост (WEC).
Придвижуван од хибридна енергетска единица со погон на сите 4 тркала, овој хипер-ефикасен прототип совршено се вклопува во стратегијата на PEUGEOT за Нео-перформанси, која е насочена и кон патните и тркачки автомобили кои обезбедуваат одлични перформанси. Работата на инженерскиот тим на PEUGEOT SPORT и PEUGEOT Design се координираше како никогаш порано за да го произведат 9X8 кој ја најавува новата ера во мото трките. Поради неговите уникатни линии, отсуството на задно крило и моќниот идентитет на брендот се издвојува од другите. Иновативните технички решенија и неговиот мачкаст изглед се истакнуваат како традиционални белези на PEUGEOT.
PEUGEOT 9X8 – најновиот кандидат за трки за издржливост на брендот – е директен наследник на PEUGEOT 905, победник на Le Mans 24 часа во 1992 и 1993 година и на PEUGEOT 908, кој ја освои француската класика во 2009 година. Новиот прототип е подготвен да го продолжи долгото и успешно учество на брендот во светските мото-спортови со високо конкурентни автомобили кои го имаат моќниот и веднаш препознатлив идентитет на брендот
Името на новиот Hypercar на PEUGEOT е PEUGEOT 9X8.
„9“ ја продолжува серијата која ја користи производителот за своите неодамнешни тркачки автомобили наменети за трките за издржливост, имено PEUGEOT 905 (кој се натпреваруваше од 1990 до 1993 година) и 908 (2007 до 2011 година) станаа икони на брендот.
„Х“ се однесува на технологијата на погон на сите тркала на PEUGEOT Hypercar и хибридниот погонски агрегат што е олицетворение на стратегијата за електрификација на брендот во светот на мото-трките.
„8“ е наставка што се користи за сите сегашни имиња на модели на PEUGEOT, од 208 и 2008, до 308, 3008, 5008 и, се разбира, 508 кој неодамна помина низ рацете на инженерите и дизајнерите кои изработија Hypercar кој стана првиот автомобил кој ја носи ознаката на Peugeot Sport Engineered.
Двата PEUGEOT 9X8 ќе се натпреваруваат на Светскиот шампионат за издржливост на FIA во 2022 година.
PEUGEOT 9X8
PEUGEOT 9X8 – Teхнички податоци
Класа: Le Mans Hypercar (LMH)
Должина: 5.000mm
Ширина: 2.080 mm
Висина: 1.180 mm
Меѓуоскино растојание: 3.045 mm
Погонски агрегат: PEUGEOT HYBRID4 500KW (погон на сите четири тркала)
Заден погоски агрегат: 500kW (680кс), 2.6L twin-turbo, 90-степен V6 бензински мотор со внатрешно согорување + седум-степен секвенцијален менувач
Преден погон: електричен мотор – генератор 200kW + редуктор со една брзина
Батерија: Батерија со голема густина, 900 волти, дизајнирана од Peugeot Sport, TotalEnergies / Saft
Гориво и мазива: TotalEnergies