Peugeot 308 е „Автомобил на годината во Македонија“

ОБЈАВЕНО НА:

Националното стручно жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ по 28. пат го избра победникот на најпрестижната и најпосакуваната награда и признанието во автомобилската индустрија. Со тоа продолжи традицијата на наградување на моделот што во текот на изминатата година пристигнал на македонскиот пазар, а според критериумите на Националното Жири заслужува да ја добие наградата.

Покрај наградата „Автомобил на годината во Македонија“, Националното Жири додели и две признанија – СУВ на годината и ЕВ на годината (електрично возило на годината).

Од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу двата избора, Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ согласно Правилникот за работа и критериумите на изборот, одреди седум (7) финалисти Alfa Romeo Tonale, Citroen C5 X, Kia Sportage, Opel Astra, Peugeot 308, Skoda Fabia и Toyota bZ4X

Финалистите се оценуваа според следниве шест критериуми: – адекватност и понуда на домашниот пазар, – економичност и еколошка прифатливост, – безбедност и примена на технолошки достигнувања, – возни својства, – дизајн и – комфор и опременост.

Секој од членовите на жирито има право на еден глас. Право на еден рамноправен глас имаат и самите финалисти, кои можеа да гласаат за еден кандидат, освен за сопствениот модел

Согласно критериумите за Избор, членовите на Националното жири за избор на Автомобил на годината во Македонија 2023, донесоа одлука титулата да му ја додели на моделот

* PEUGEOT 308

Во образложението на Жирито за победникот се вели: „Третата генерација на Peugeot 308 прави значаен технолошки исчекор во класата. Уникатен според својот стил, со мулти-енергетски можности и две каросериски изведби тој успева да ги сублимира класичните вредности од минатото, рационалноста на актуелната технологија и иднина со максимален респект кон природата.  Изграден врз најновата надградба на EMP2-платформата тој може да понесе бензински и дизел мотори, потоа електрификација во вид на капацитетен plug-in хибрид, како и целосно електрична верзија“

Ова е првпат моделот Peugeot 308 да ја добие наградата во Македонија во досегашните 27 избори, и воопшто прва награда за францускиот бренд.

Признанието „СУВ на годината“ го доби моделот KIA SPORTAGE, додека за EV на годината (електричен автомобил) е избран моделот FIAT 500e

„ Во специфични услови за сите нас кога и во автомобилската индустрија во тек е голема револуција и напредок, го заокружуваме овој 28-ти Национален „Избор на Автомобил на годината во Македонија“. Горди сме што единствената и најстарата манифестацијата од ваков вид во Македонија останува препознатлива и ја продолжува традицијата почната од 1995 година. Возилата постојано се подобруваат, индустријата оди напред, но купувачите секогаш остануваат подеднакво пребирливи. Верувам дека и во следниот период ќе придонесеме за препознавање и наградување на оние што навистина се најдобри“, вели Горан Антевски, претседателот на Националното Жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“.

Досегашни победници во изборот за „Автомобил на годината во Македонија“:

1996 Fiat Bravo/Brava                                   2012 Кia Rio
1997 Renault Megane                                     2013 Seat Leon
1998 Opel Astra 1998                                     2014 Skoda Octavia
1999 Skoda Octavia                                        2015 Ford Mondeo
2000 Fiat Punto                                              2016 Skoda Superb
2001 Seat Leon                                               2017 Kia Sportage
2002 Toyota Corolla                                       2018 Dacia Duster

2003 Mazda 6                                                 2019 Ford Focus
2004 Mazda 3                                                 2020 Opel Corsa
2005 Seat Altea                                               2021 Citroen C4
2006 Vоlkswagen Passat                                2022 Hyundai Tucson
2007 Opel Corsa
2008 Kia Cee`d
2009 Volksvagen Golf VI
2010 Opel Astra IV
2011 Hyundai iX35

Следете не и на:

24AUTO NETWORK