Петтата генерација на Kia Sportage – храбар дизајн, значително подобрена внатрешност

ОБЈАВЕНО НА:

Kia реши да направи посебна европска спецификација на моделот што треба да с епојави до крајот на годинава. СУВ сегментот добива уште посериозен играч кој и досега го имаше докажано својот успех и прифатеност кај купувачите.

Kia ги покажа официјалните фотографии на целосно новиот Sportage, модел кој е внимателно изработен за да ги инспирира клиентите со својот ентериер и надворешен дизајн. Петтата генерација на Sportage гледа кон иднината со елегантен, но мускулест и модерен надворешен дизајн. СУВ сегментот останува важен за сите производители па затоа и секој нов модел е подобар од претходникот. Kia со Sportage сака и веројатно и ќе ја продолжи успешната приказна која беше одлично прифатена од купувачите.

Екстериерот ги предизвикува нормите за дизајн и го придвижува идентитетот на Sportage во следната генерација, истовремено оддавајќи почит на неговото богато наследство. Затегнатите и остри линии се брануваат по рафинираното тело. Во исто време, чистите, но мускулести површини ги здружуваат силите со сложена графика за да му дадат на динамично и наметливо присуство на патот.

„Новиот Sportage им даде огромна можност на нашите талентирани дизајнерски тимови да направат нешто ново. Основата на инспирацијата е од неодамнешното ребрендирање на брендот, кое има за цел да ги инспирира клиентите преку модерен и иновативен дизајн. Со целосно новиот Sportage, ние не сакавме едноставно да направиме чекор напред, туку да преминеме на друго ниво во класата“, коментира Карим Хабиб, потпретседател и раководител на глобалниот центар за дизајн. „Кога ќе го видите целосно новиот Sportage, со неговиот елегантен, но моќно динамичен став, и кога ќе седнете во кабината, ќе видите дека сме ги постигнале тие цели и сме поставиле нови стандарди. Во комплетно новиот Sportage, веруваме дека можете да ја видите иднината на нашиот бренд и нашите производи“, додаде тој.

Откриена на почетокот на оваа година на големо признание од дизајнерската заедница, новата дизајнерска филозофија на Kia – Opposites United (Обединети спротивности) – е во основата на комплетно новиот Sportage, влијаејќи на секој аспект од неговиот изглед и карактер. Принципите на оваа филозофија ќе влијаат на сите идни дизајни на брендот, со што се зајакнува врската помеѓу дизајнот и новотот мото, „Движење кое инспирира“.

Новиот Sportage ќе се најде во продажба кон крајот на оваа година. За прв пат во 28-годишната историја, ќе има и посветена европска верзија, па во догледно време ќе бидат достапни повеќе информации за комплетно новиот Sportage.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK