Пет причини зошто да купите хибрид место електромобил

ОБЈАВЕНО НА:

Во ерата на најавата за електрификација на автомобилизмот се повеќе се наметнува прашањето: дали ќе останат класичните мотори со внатрешно согорување? Дали е подобро да купите хибрид или да размислувате за целосно електрично возило. Се разбира се зависи и од вашите финансиски можности, од она што го сакате но и од претпоставката што во иднина ќе биде повеќе во мода – ако сакате да терате мода.

Компанијата АmMоtоrs, заедно со универзитетски специјалисти предлага прво да се пресметаат плусовите и минусите за да може да се донесе конечно решение за купувањето на најоптималното превозно средство. Станува збор за избор меѓу хибрид и електромобил.

Експертите откриваат пет основни причини поради кои купувањето на хибрид ќе биде подобра варијанта во споредба со купувањето на електричен автомобил.

*Пристапноста и разновидноста на понудата во споредба со електричните превозни средства.

*Поголем број на опции.

*Недостаток на поголем број на инфраструктура за чист електромобил, додека хибридот е помалку проблематичен за полнење.

*Лојалноста на дилерите кон хибридите, процесот на продажба и поддршка одговара на традиционалните автомобили со мотори со внатрешно согорување.

*И покрај масовната мојава на електрични автомобили, тие сè уште остануваат затворена тема за многу возачи.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK