Нема ништо бесплатно: Ryanair ќе наплаќа и за рачен багаж во авион

ОБЈАВЕНО НА:

Ирската нискобуџетна авиокомпанија Ryanair сега ќе наплаќа дополнително за секој багаж што патниците го носат со нив. Досега компанијата им дозволуваше на патниците да носат бесплатен багаж до 10 килограми, но од ноември ова екстра ќе се наплаќа меѓу 6 и 10 евра.

Според новите правила, на патниците ќе им биде дозволено да вметнат “мала лична торбичка” што треба да се стави под седиштето.

Но, ако патникот сака да понесе со себе куфер со просечна големина и тежина до 10 килограми, тој ќе мора да плати. Ако сопственикот на багажот сака истиот да биде над главата, тој ќе мора да плати помеѓу 6 и 8 евра. Доколку сака да се чекира и да биде во багажниот простор на авионот, тој ќе мора да плати помеѓу 8 и 10 евра.

Авиокомпанијата соопшти дека ја прави промената бидејќи авионите доцнат поради патниците кои превезуваат премногу рачен багаж.

Конкурентните easyJet, Wizz и Norwegian Air Shuttle во моментов дозволуваат слободно внесување на рачен багаж за летови за кратки дестинации.