Карта: Каде се го има корона вирусот во светот

ОБЈАВЕНО НА:

Ако сакате да патувате во Азија сигурно најглавното прашање е дали во регионот каде што би требало да бидете има заболени од новиот и опасен коронавирус. Тој
Coranovirus 2019-nSoV, изолиран е за прв пат во кинескиот град Вухан на крајот на минатата година, и зема се поголем замав.

За подобро информрање и да има целосна слика со бројот на заразени и борјот на излекувани лица Центарот за системски истражувања при Универзитеот во Балтимор, САД, објави онлајн карта на географскиот опфат на овој вирус.

Сите податоци во извештајот ќе бидат ажурирани во реално време со податоците од Светската здравствена организација и центрите за заболени во САД, Европа и Кина. Покрај бројот на заразени пациенти картата покажува и колку починати има и колку оздравеле.

И покрај паничните извештаи за илјадници смртни случаи официјално потврдени смртни случаи има околу 305, а бројот на опоравени пациенти е 443.

Засега нема регистрирани болни на Балканот. Сепак, вирусот веќе се рашири во Европа каде веќе се регистрирани заболени во Германија, Франција, В.Британија, Шпанија, Финска, Шведска..