Регистрацијата на нови автомобили во јули во Франција забележа пад од 35% споредбено со истиот месец минатата година, покажуваат официјалните податоци објавени од страна на CCFA-PFA, асоцијацијата на авто производители на Франција. Така во јули се продадени 115.713 нови автомобили.
Значителниот пад се должи на недостатокот на чипови за автомобилската индустрија што резултираше со значително намалување на производството, особено од страна на Peugeot, Citroen и Renault.
Земајќи ја во предвид продажбата од почетокот на месецот до крајот на јули, во Франција е остварен пораст од 16%, но и покрај тоа, прогнозите се дека тешко е да се дојде до бројката од 1,8 милиони автомобили до крајот на годината. Ова го поттврди и портпаролот на CCFA-PFA кој потенцираше дека причината за тоа е токму недостатокот на чипови.
За потсетување, во текот на целата мината година беа продадени 1,65 милиони автомобили и покрај корона кризата.