Со оваа нараквица нема да заспиете додека возите

ОБЈАВЕНО НА:

Често додека возите се плашите дека може да заспиете особено ако сте уморни, но со новата нараквица наречена Steer тоа нема да се случи. Таа е дизaјнирана да не му дозволи на возачот да заспие во текот на возењето. Ќе чини 100 долари и ќе биде достапно во продажба веќе од ноември.

Нараквицата има 16 сензори кои постојано ја следат работата на срцето. Потоа уредот ги споредува резултатите со нормалните параметри, и ако се детектира намалување на бројот на отчукувања на срцето, возачот се предупредува со јаки вибрации и активирање на жолта сијаличка.

Ако бројот на отчукувања на срцето продолжи да паѓа и покрај предупредувањата, уредот заклучува дека возачот може да заспие и го буди со електричен шок. Потоа возачот поради серотонинот, кортизолот и другите хормони ќе се разбудат и бројот на отчукувања на срцето се враќаат во нормала.

Ако дојде до ова, тогаш е јасно дека на возачот му треба одмор бидејќи со нараквицата само се „купува“ време. Затоа најдобро е да се застане и да се одмори.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK