Ова се градовите со најмногу гужва – се чека и до 102 часа годишно

ОБЈАВЕНО НА:

INRIX Global Traffic Scorecard направи истражување во кое ги рангираше градовите со најголеми сообраќајни метежи во светот за 2017 година.

Според истражувањето жителите на Лос Анџелес годишно најмногу го трошат времето на сообраќајни метежи. Така на годишно ниво тие чекаат дури 102 часа што е нешто повеќе од четири дена. Со ова овој град на западниот брег на САД е на првата позиција на листата.

На второто место се наоѓа Москва кој е град со најмногу сообраќајни гужви во Европа. Според истражувањето годишно во овој град се чека 91 час во сообраќајот исто колку и во Њу Јорк.

На следната позиција се наоѓа најголемиот бразилски град Сао Паоло со 86 часа чекање во сообраќајот. Најдобрата десетка ја сочинуваат уште и Сан Франциско (САД), Богота (Колумбија), Лондон (Англија), Атланта (САД), Париз (Франција) и Мајами (САД).

Од земјите во регионот, најмногу време во сообраќајот се губи во Истанбул и тоа 24 часа годишно додека во Љубљана тоа време изнесува 21 час.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK