Ова единствено произведено Ferrari наскоро на аукција

ОБЈАВЕНО НА:

Единствениот досега произведен модел на Ferrari SP30 наскоро оди на продажба и тоа организирана во форма на аукција.

Овој единствен автомобил е произведен во 2013 година, а се темели во целост на Ferrari 599. Доаѓа со неколку екстериерни измени, но со идентичен 6.0 литарски V12 мотор со шест степен мануелен менувач и 620 КС, ист како и основната 599 верзија.

Конкрентиот автомобил веќе има сопственик и тоа непознато лице од Обединетите Арапски Емирати, а сега повторно оди на продажба и тоа на специјален настан кој ќе се одржи на 6. февруари во Париз.

Овој автомобил се очекува да биде продаден за милионска сума особено ако се земе во предвид фактот дека има поминато само 105 км.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK