На интернет се појави оглас за продажба на модифицирана изведба на Lada чија почетна цена изнесува 10 милиони рубљи или 137.170 евра. Зад оваа цена се крие посветеноста на сопственикот Федор Воробјов кој цели 10 години посветено работи на модификацијата на овој автомобил.
Така благодарение на оваа посветеност под хаубата овој автомобил носи 3.0 литарски турбо бензински мотор со неверојатни 610 КС и 800 Nm. Надворешно, поставени се нови предни, задни и странични спојлери, а внатрешноста е целосно нова исто како и сите делови кои се наоѓаат под хаубата и останатите делови од автомобилот.
Инаку овој модел кој ја носи ознаката VAZ-2105 за прв пат се појавува во 1980 година, а овој модел на Воробјов е произведен во далечната 1999 година. Руските медиуми пишуваат за високата цена, меѓутоа сопственикот е едногласен – цената е премногу ниска.
Епа Lada фанови, повелете, имате несекојдневна можност да станете сопственик на најскапата Lada.