Откриен изгледот на новата Toyota Supra

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на премиерата закажана за на саемот во Детроит во јануари, на интернет се појавија првата фотографија од новата генерација на Toyota Supra.

Од достапната фотографија може да се види задниот дел кој има типичен дизајн за Toyota, а значително потсетува на Supra Gozoo која беше дел од саемот во Париз.

Овој модел кој има 50/50 дистрибуција на тежината и значително помала тежина, е развиен во соработка со BMW, па оттука и производството ќе се одвива во фабриката во Грац. Иако нема точни информации, се очекува во продажба да се појави во втората половина од следната година, а почетната цена се очекува да изнесува 60 илјади американски долари.

Инаку моделот Supra за прв пат во понудата на јапонскиот производител дебитира во април 1978 година. Голем успех доживува со четвртата генереација која се произведуваше во периодот од 1993 до 2002 година. Токму благодарение на успехот и популарноста овој модел важи за најфамозен јапонски спортски автомобил.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK