Opel Corsa Rallye

Opel ги испорача првите електрични Corsa-e Rally

ОБЈАВЕНО НА:

Спортскиот оддел на Opel ги испорача првите десет возила на тркачката рели верзија на комплетно електричната Corsa-е, дизајнирана да учествува во ADAC Opel е-rally купот, што ќе дебитира годинава.

Испораката на електрични рели автомобили се случи на територијата на тест центарот на Opel во Дуденхофен, а индивидуалните тимови, покрај своите тркачки електрични автомобили, добија и техничка инструкција и соодветна специјализирана опрема, вклучувајќи шатори, тимови за возачите и навигаторите и други.

Програмата за предавање на електричните автомобили исто така вклучуваше можност за тест, како и експертска демонстрација на квалитетите на автомобилот од автомобилската легенда на Opel, Волкер Стричек.

Првиот дел на ADAC Opel e-Rally Cup е закажан за 11 и 12 јуни за време на ADAC Rally Stemweder Berg, a веќе се пријавиле екипи од Германија, Франција, Австрија, Белгија и Велика Британија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK