Opel Crossland X доби нов мотор

ОБЈАВЕНО НА:

PSA Групацијата се одлучи да ја поднови понудата на Opel Crossland X со тоа што во понудата лансираше нов 1.5 литарски агрегат.

Овој нов, дизелски мотор кој е со моќност од 120 КС и 300 Nm во понудата ќе го замени веќе постоечкиот 1.6 дизелски мотор со 120 КС. Причините за оваа промена не се познати, а новиот мотор во понудата доаѓа со стандардниот шестбрзински автоматски менувач.

Она што се знае за овој мотор е дека е во целост развиен од страна на PSA Групацијата, ги исполнува највисоките Euro 6 стандардите, но и дека просечанта потрошувачка, благодарение и на start/stop системот изнесува 4 литри на 100 км.

Инаку овој модел кој се базира на PSA PF1 платформата во понудата доаѓа и со 1.2 литарски бензински и дизелски мотори.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK