Ограничување на брзината во Германија ќе донесе заштеда од 950 милиони евра годишно

ОБЈАВЕНО НА:

Повторно се актуелни расправите за ограничувањето на брзините на автопатиштата во Германија. Тоа е единствена земја каде на одредени делови нема ограничување, па можете да возите додека „педалот не дојде до дното“.
Поддржувачите на ограничувањето понудија нов аргумент зошто треба да има ограничување.

Според стручното списание Ecological Economics, ограничувањето на брзината на германските автопати до 130 км/ч. треба да донесе заштеда од најмалку 950 милиони евра годишно. Бројката ја пресметала шведско-германска истражувачка група.

Користејќи јавно достапни податоци, истражувачите извршија анализа на трошоците и придобивките за да пресметаат што ограничувањето на брзината ќе му донесе на општеството.

Ако ги одмериме позитивните и негативните аспекти, конечниот заклучок е дека општеството како целина би имало значителна корист. Пресметката вклучуваше ефекти врз времето на патување, потрошувачката на гориво, проширувањето и одржувањето на инфраструктурата и несреќите, што во конечниот резултат изнесува најмалку 950 милиони годишни заштеди.

Сума поради која можеби ќе почне и посериозно да се размилси за тоа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK