Citroen и официјално ја претстави компактната лимузина која ја носи назнаката C3L. Како што кажува и самата назнака, станува збор за продолжена, седанска верзија од моделот C3 кој е во моментов најпродаван модел на францускиот производител.
Должината на овој модел изнесува 4.505 мм, широк е 1.748 мм додека пак висок 1.513 мм. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.655 мм, а клиренсот 180 мм. Со овие димензии овој модел е подол од C-Elysse кој во моментов е единствената седанска изведба достапна во европската понуда на Citroen.
C3L во понудата ќе биде достапен само со 1,2 литарскиот турбобензински мотор со моќност од 85 kW односно 116 КС при 190 Nm обртни моменти. Опремен е само со шест степен автоматски менувач.
Производството ќе се спроведува во Кина од страна на Dongfeng-Citroen. Тоа значи дека овој модел ќе биде достапен само на кинескиот пазар. Сепак ако се следи примерот по SUV моделот C5 кој прво се појави во Кина, а потоа и во Европа, не се исклучува истата судбина да ја има и овој нов модел.
Можеби Citroen треба да размисли и за понуда на моделот во Европа, особено на некои пазари каде се уште се актуелни и барани седанските модели.