Одложена премиерата на Lexus IS

ОБЈАВЕНО НА:

Иако пред само една недела Lexus ја најави премиерата на новиот IS за на 9 јуни, истата сега се одложува.

Во соопштението на јапонскиот производител се наведува дека одложувањето доаѓа поради глобалната ситуација без дополнително да ги специфицира причините како и датумот за кој најави дека дополнително ќе биде објавен.

Новата, четврта генерација од моделот IS треба да ја замени актуелната која е во понудата уште од 2013 година. Од претходно е познато дека овој модел се базира на новата TNGA-L платформа.

Во однос на мотористиката овој модел доаѓа со стандардниот 3,5 литарски twin-turbo V6 мотор кој го користи и моделот LS 500. Тука ќе биде и стандардниот 2,0 литарски и 2,5 литарски V6 мотор како и хибридната верзија опремена со исто така 2,5 литарски мотор.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK