Од понеделник повторно ќе работи сервисот на Мazda

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку имате потреба од сервисирање на вашето возило од брендот на Mazda тоа ќе можете да го сторите од понеделник 30 март 2020 година. Тогаш повторно ќе биде отворен продажно-сервисниот центар на Mazda во Скопје.

Се разбира за се треба однапред да се јавите и да си закажете термин. Сервисот и продажниот салон ќе работат о дпонедленик до петок, со скратено работно време од 10- до 14 часот.

Во соопштението на Стар Моторс се вели: „Согласно препораките од Владата до сите правни субјекти и физички лица за настанатата ситуација со ширење на COVID19 вирусот во значителна мерка во нашата држава,а и околните земји и целиот свет,сакаме да ве известиме дека салонот и сервисот на СТАР МОТОРС ДООЕЛ – Скопје од 30.03 ќе почне да работи со скратено работно време од 10ч до 14ч,од понеделник до петок, со одредени мерки на претпазливост согласно препораките од надлежните државни органи.

Доколку вашето возило е за сервис или било која техничка поддршка, јавете се на следниот телефонски број да закажете термин:

078 388 585 – Ребека Симоновска.
Емаил: rsimonovska@mazda.mk

Доколку сте заинтересирани за купување на ново возило или понуда за возила од програмата на Мазда, јавете се на следните два телефонски броја:

076336655 – Жарир Филип Хамдан
Емаил: zfhamdan@mazda.mk
и
075204345 – Ана Костовска
Емаил: akostovska@mazda.mk

За понатамошното одвивање на ситуацијата и работното време на салонот и сервисот ќе бидете дополнително известени преку нашата Фејсбук страна, согласно препораките од Владата и Министерството за здравство.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK