Објави снимка од опасно возење, па го сместија во затвор (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Дали е можно да возите мотоцикл низ градот со голема брзина, да прекршите голем дел од сообраќајните прописи, сето тоа да го снимите и потоа да го објавите на интернет?

Во рубриката „Ви се верува или не“ дефинитивно најголемата глупост ја има направено 25-годишниот Камал Ричардс, кој сето погоре споменато го направи во Лондон и поради тоа на крајот заработи 15 месеци затвор. Момчето од населбата Sautvark било едно од мотоциклистите кои учествувале во едночасовното возење на Нова година во 2016.

Во текот на возењето снимил како најмалку 30 пати ги прекршил сообраќајните прописи, а полицијата вели дека притоа е среќа што немало жртви.

„Потезите на Ричардс биле опасни и себични и можеле да имаат фатални последици. Опасно и возење пред внимание и грижа за другите ги ризикува животите на многумина и не е ништо со кое би требало да се фалите“, велат од полицијата во Лондон.

На видеото може да се види и како Ричардс заедно со своите колеги минува на подвозник во погрешен правец и вози во близина на автомобилите кои одат во спротивна насока. Полицијата вели дека минувал и на црвено светло.

Тој е уапсен на 24 јануари минатата година, а осуден на 5 февруари годинава. Покрај казната затвор од 15 месеци доби и забрана за управување на моторни возила во траење од 31 месеци, а воедно ќе мора да полага продолжен испит ако сака да вози повторно.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK