Објавени фотографиите од новиот Sylphy – новата компактна дефиниција на Nissan

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на премиерата закажана за 16. април на саемот во Шангај, јапонскиот производител Nissan објави официјални фотографии од новата генерација на Sylphy.

Моделот кој во нашето подневје е попознат како Sentra е со должина од 4,651 мм, ширина од 1,815 мм, и висина од 1,450 мм. Во споредба со актуелната трета генерација, овој модел има поголемо меѓуоскино растојание за 12 мм и изнесува 2,712 мм.

Сето ова придонесува за многу поголем простор во внатрешноста особено за патниците на задната клупа. Кога сме кај внатрешноста, иако нема официјални информации и фотографии, сепак внатрешноста според шпекулациите ќе биде на премиум ниво, а меѓудругото ќе има централно поставен дисплеј осетлив на допир со AppleCarPlay и Android Auto.

2020 Sentra or Sylphy? Nissan compact sedan spied image

Во однос на моторите, централно место во понудата ќе заземе 1.6 литарскиот атмосферски бензински мотор со 139 КС достапен со мануелен и автоматски менувач.

Иако нема официјално информации, сепак се претпоставува дека овој модел ќе биде достапен само на кинескиот пазар.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK