Њујорк со француски рецепт – дава пари ако пријавите сообраќаен прекршок

ОБЈАВЕНО НА:

Минатата година во Франција започна пилот проект со кој возачите на другите возила ловат возачи кои прекршуваат сообраќајни правила, а за возврат добиваат одреден финансиски надоместок. Сега ист таков проект се планира да се стартува и во Њујорк.

Властите во најголемиот град на источниот брег на САД ќе доделуваат пари како процент од вкупната наплатена казна на возачи кои прекршуваат одредени сообраќајни правила.

Пријавувањето на несовесните возачи ќе може да го прават и останатите граѓани кои ќе може на одреден телефонски број и апликација да ги пријават прекршителите. При тоа лицето кое пријавило ќе добие 25% од наплатениот износ.

Предложената измена на законот се очекува да биде усвоена до крајот на оваа година.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK