Ново зголемување: Дизелот поскапува за 3, бензинот за половина денар!

ОБЈАВЕНО НА:

За три дена по вторпат има промена на цената на горивата. Одлуката доаѓа откако Собранието на РСМ ги изгласа измените на Законот за акцизите. РКЕ практично изврши усогласување на Одлуката со Законот што е на сила и сега малопродажната цена на екстра лесното масло за горење е изедначена со дизел горивото. Цените на нафтените деривати се прилагодени согласно новите износи на акцизите

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од вечерва на полноќ се зголемуваат за 0,50 денари за литар, додека цената на Еуродизелот се зголемува за 3 денари за литар, соопшти доцна попладнево Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Согласно оваа одлука од вечерва на полноќ максималната цена на Еуросуперот БС-95 ќе изнесува 67,50 денари за литар, на Еуросуперот БС-98 ќе биде 69,50 денари за литар, на дизелот и на екстра лесното масло по 58,00 денари за литар, а на мазутот 34,779 денари за килограм.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK