ТТ со четири врати – ќе ја уништи ли Audi спортската икона?

ОБЈАВЕНО НА:

Audi се пофали – наскоро доаѓа моделот TT со четири врати. Но значи ли тоа убиство на овој легендарен модел кој се прослави со две врати или пак ризична акробација со кој Audi добива нов седан во понудата?

На почетокот на 90-те години дури шест дизајнери работеа на создавањето на првата генерација од овој модел и тоа Меј, Фримен Томас, Хартмут Варкус, Петер Шрејер, Мартин Смит и Ромулус Рошт. Овие дизајнери тогаш создадоа купе кое стана многу популарно, за многу кратко време. Во наредните неколку години овој модел доби бројни награди кои се признание за одличната работа на центарот за дизајн на Audi.

Сега, нешто повеќе од 20-тина години, Audi со гордост ја најавува и седанската изведба на овој модел. Оваа вест предизвика лавина од реакции меѓу кои и позитивни и негативни. Фанатиците на оваа спортска икона, барем најголем дел од нив, со доза на скептицизам ја проследија оваа вест. Најголем дел од нив, барем судејќи по реакциите на соијалните медиуми, сметаат дека германскиот производител не смее во никој случај да си поигрува со TT и дека овој модел мора да остане во рамките на купе изведбата.

Од друга страна од Audi го сметаат спротивното. Ова е одлична можност за продолжување на животот на овој назив кој во изминатите години ја немаше посакуваната продажба. Исто така со оваа изведба се воведува конкурент на Mercedes, а со самото тоа овој бренд станува уште поконкурентен.

New Audi TT (watermarked) - rear

Како ќе резултира оваа ризична акробација ќе видиме откако Audi ќе го комерцијализира овој автомобил. Истото се очекува да го направи кон крајот на следна година. Под хаубата оваа моделска изведба ќе го има стандардниот 2.0 литарски мотор кој располага со 197КС и 320 Nm. Достапни ќе бидат и 1.8 литарскиот и 2.5 литарскиот мотор, а во зависност од моторот, подновениот TT ќе биде достапен со шест степен мануелен менувач како и шест степен S tronic менувач.

Истите овие мотори се дел од понудата на стандардната изведба која беше најавена во јули годинава, а во продажба влегува кон крајот на оваа година.

Инаку називот TT комецијализиран во легендарен модел беше лансиран од страна на германскиот производител во 1998 година и веднаш прерасна во спортска икона на овој бренд. Последната и трета генерација Audi ја лансираше во 2014 година како најдобар одраз на дизајн и спортски карактер.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK