сабота, 25 јули, 2025 година

Скопје ја имаше честа: Предпремиера на Peugeot 508

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Досега вообичаено новите возила ги гледавме на саемските манифестации или на некој посебен настан специјално организиран. Но, од Peugeot се решија за нешто поинаку, а токму Скопје во регионот ја имаше честа да биде првиот града каде е направена предпремиерата на новиот модел 508.

За една недела истиот модел својата саемска премиера ќе ја има во Париз, а во понудата на Еуроимпекс, импортерот за Македонија ќе биде во декември.
Новиот 508 GT што денеска беше промовиран пред македонската јавност во Скопје ќе можете да се види, па и да се проба во салонот на Еуроимпекс, на Трета Македонска Бригада врој 72, од 26 до 29 септември.

- Advertisement -

„Новиот 508, не е наследник на истоимениот модел. Тој е сосема ново возило е олицетворение на една нова визија и влез во целосно нова ера. Ера на технологија, на автономност, на моќ сплотена со елеганција и комфор. Креиран за ваше целосно задоволство, изјави Ивана Манчева Михајловска, заменик Извршен директор и регионален маркетинг директор на Еуроимпекс.

На предниот дел на 508 доминираат нови LED светилки, кои имаат овална форма. Позади водечки елемент се стоп светлата, кои се предлагаат со познат дизајн од кросоверите 3008 и 5008.

Новиот 508 ќе се изработува на EMP2 платформата која се користи за намалување на тежината во однос на претходникот, но ќе отвори и простор во внатрешноста.

Возилото ќе се продава само со еден мотор на бензин. Тоа е 1,6 литарскиот турбо мотор во верзија со 177 и 217 коњски сили. Дизел моторите се два и тоа 1,5 и 2,0 литарски, кои се познати од другите модели на PSA. Моќноста тука ќе биде во три варијанти од 128, 158 и 177 коњски сили.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја