Мускулест со типични линии на Toyota: Претставена новата Supra

ОБЈАВЕНО НА:

Како што беше најавено месеци претходно, на саемот во Детроит јапонскиот производител Toyota ја претстави новата генерација од моделот Supra.

Надворешноста е сосема очекувана, онаква и како што се најавуваше. Мускулестиот изглед со екстериерни црти типични за Toyota доминираат како на предниот така и на задниот дел.

Новата Supra е развиена заедно во соработка со германскиот производител BMW па оттука и производството ќе се одвива во Грац, австриската фабрика на BMW. За разлика од претходните генерации, оваа има 50-50 дистрибуција на тежината што гарантира бројни возбудливи и адреналински перформанси.

Под хаубата се наоѓа 3.0 литарски шестцилиндрен мотор со 250 kW односно 340 КС и 500 Nm. Овој мотор доаѓа во комбинација со 8 степен автоматски менувач, а со ваквите технички карактеристики до 100-ка забрзува за 4,3 секунди додека пак максималната брзина е ограничена на 250 км/ч.

Покрај режимите Normal и Sport, во внатрешноста достапен е и Head-up дисплејот, а богатата опрема меѓудругото сочинува и launch control, систем за автоматско сопирање, предупредување на фронтален судир, препознавање на сообраќајните знакови, предупредување за напуштање на сообраќајната лента итн.

Цената на основниот Base 3.0 модел во САД изнесува 49,990 американски долари додека највисоката цена е онаа за Launch edition 3.0 која изнесува 55.250 американски долари.

Инаку моделот Supra за прв пат во понудата на јапонскиот производител дебитира во април 1978 година. Голем успех доживува со четвртата генереација која се произведуваше во периодот од 1993 до 2002 година. Токму благодарение на успехот и популарноста овој модел важи за најфамозен јапонски спортски автомобил.

 

Првиот модел на Supra ќе биде продаден на аукција закажана за 19 јануари која ќе се одржи во Скотсдел, Арзона. Среќникот кој ќе понуди највисока цена ќе го добие автомобилот со сериски број VIN 20201, а за испораката ќе почека уште некој месец бидејќи во моментов не е започнато сериското производство на овој модел.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK