Lamborghini со нов автомобил на 8 јули

ОБЈАВЕНО НА:

Со мотото “Пред своето време”, Lamborghini ја најави премиерата на својата најнова креација закажана за на 8 јули со почеток во 18 часот.

Оваа вест ги затекна сите бидејќи немаше претходно никаква најава за вакво нешто. Оттука во целост е непознато што точно ќе претстави Lamborghini – нов модел или некој од постоечките ќе добие само фејслифт.

Сепак одредени медиуми се уверени дека станува збор за нова верзија од моделот Sian, најверојатно Sian Roadster. Овие медиуми пишуваат и дека од оваа верзија ќе бидат произведени само 63 примероци и истите се веќе распродадени.

Дали се во право или не, останува да видиме на 8 јули.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK