Kia го најави доаѓањето на нов нискобуџетен SUV

ОБЈАВЕНО НА:

Kia уште во февруари годинава во рамките на саемот во Њу Делхи го претстави концептот Sonet – мал урбан кросовер. Сега, по само неколку месеци потвредно е и неговото сериско производство.

Овој мал кросовер е со должина од речиси четири метри односно за 14 cm пократок од Kia Seltos. Од јужнокорејскиот производител уверуваат дека и покрај малите димензии, овој модел ќе има најголема пространост во внатрешноста, споредбено со останатите конкуренти во класата.

Во однос на мотористиката, под хаубата доаѓа со 1,0 литарски бензински мотор, но и со верзии опремени со 1,2 литаркси бензински мотор и 1,5 литарски турбо-дизелски мотор. Достапен ќе биде и со мануелен и со автоматски менувач.

Премиерата на серискиот модел ќе се одржи на 7 август во Индија, а во продажба доаѓа на почетокот на септември. Засега ќе се продава само во Индија и околните земји.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK