Новитет од Dacia за 50 годишнината на брендот

ОБЈАВЕНО НА:

Dacia летово, на 20 август прославува 50 години од формирањето. За таа цел Dacia ќе организира свеченост каде премиерно ќе биде претставен нов модел кој засега е енигма.

Некои медиуми пренесуваат дека Dacia ќе лансира караванска изведба на некој од постоечките модели, но се повеќе се прогнозира дека на 50. роденден Dacia ќе лансира нов и поголем SUV преку кој Renault ќе се обиде да го повтори успехот на Duster. Засега е сигурно само дека саемската премиера на овој нов модел ќе се случи на семот во Москва кон крајот на август годинава.

Инаку се започна во 1966 година кога како предвесник на Dacia беше формирана компанијата UAP (Uzina de Autotuurisme Pitesti). Две години подоцна во Миловени (тогашен Колибаши) беше свечено отворена фабриката на Dacia каде се произведуваше Renault 8 и Renault 12 под знакот на Dacia.

Во наредните 2 децении, Dacia бележеше солидни продажни резултати во земјите од источниот блок, а по преземањето од страна на Renault на почетокот на новиот милениум Dacia забележа голем напредок во сите сегменти од работењето.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK