Новиот SUV на Maserati доаѓа за две години – вака би можел да изгледа

ОБЈАВЕНО НА:

Maserati ги објави своите планови за понудата за следните неколку години. Покрај новите генерации на актуелните модели, предвидено е воведување и на целосно нови модели.

Levante и Ghibli најпрво ќе добијат фејслифт, а потоа и нови генерации. Тука ќе биде уште еден нов спортски седан модел, но и нов кабрио модел. Сепак најмногу внимание привлекува новиот SUV модел кој ќе се појави во 2021 година.

Овој SUV ќе се позиционира под актуелниот Levante што значи димензионално ќе биде помал. Се очекува должината да не надмине повеќе од 4,5 метри, а би се темелел на истата платформа како и Alfa Romeo Stelvio.

Засега нема никакви информации околу изгледот, но Motor1 на својот сајт објави рендер за можниот изглед. Според рендерот, новиот SUV во целост ќе биде инспириран од Levante, но нема да ги добие сите екстериерни детали од овој голем премиум SUV.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK