Кон крајот на минатата година се појавија шпекулации дека новата, четврта генерација од A3 ќе биде претставена годинава. По само неколку месеци, британските медиуми повикувајќи се на извори од компанијата ги потврдуваат тие шпекулации.
Како што објави AutoExpress, магазин кој објави и рендери од можниот изглед, А3 ќе биде достапна во хечбек со пет врати и седан изведба, а во текот на 2020 или 2021 година се очекува да се појави и S3 и RS3 изведбата.
Екстериерниот дизајн на новата генерација ќе биде согласно дизајнот на последните модели на Audi прикажани минатата и најавени за оваа година. Иако не треба да се очекува радикални надворешни промени, сепак новата генерација значително ќе биде попривлечна и модернизирана со што ќе може без проблеми може да цели кон врвот на својот сегмент.