Сите сакаат во својот автомобил да имаат што повеќе напредни технологии, гаџети, се што е ново… Но, реално, колку од тоа што го имаат во автомобилот го користат возачите? Американската аналитичка куќа Ј.Д. Power неодамна објави студија која покажа дека многу сопственици на нови автомобили воопшто не се заинтересирани да користат некои од новите технологии во автомобилите.
Според нивниот „американски индекс за технолошко искуство“ (TXI), помалку од половина од сопствениците на нови автомобили се заинтересирани за повеќе од едно од трите напредни технолошки решенија што се наоѓаат во нивните нови возила. Односно, помалку од половина од сопствениците го користеа тоа едно решение во првите 90 дена од купувањето автомобил.
Вкупно 61 процент од испитаниците изјавиле дека никогаш не користеле на пример дигитална технологија за купување во возила, а 51 процент сметаат дека воопшто нема потреба од тоа.
Студијата откри дека меѓу најбараните технолошки решенија кај новите автомобили се паркинг камерите за гледање наназад и околу возилото. Од друга страна, решенијата базирани на технологија за контрола на движење предизвикуваат проблеми кај возачите поради честото ненамерно активирање, и поради нив пријавуваат дури 41 проблем на 100 возила.
За споредба, технологијата на возење со употреба на една педала кај некои електрични возила доби високи оценки врз основа на задоволството на корисниците, а сопствениците пријавија само 8 проблеми на 100 возила.
Како се рангираат производителите на автомобили според индексот на технолошко искуство, односно според тоа колку клиентите ги прифаќаат нивните иновативни технолошки решенија, можете да видите во табелата:
Резултатите од студијата на индексот на технолошко искуство, спроведена од Ј.Д. Power, се базираат на одговорите на 110.827 сопственици на 2.021 возила анкетирани по првите 90 дена од сопственоста на нивните нови возила.
Студијата го испитува степенот на усвојување на нови технологии од страна на клиентите за индивидуални брендови и нивниот успех во примената. Покрај тоа, се испитува колку сопствениците ја сакаат новата технологија и колку проблеми им создава кога ја користат.