Нoви детали за најголемата Dасiа

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата од Романија, Dасiа ќе пушти три целосно нови модели на европскиот пазар до 2025 година. Еден од нив ќе биде кросоверот Bigstеr, кoј е наречен „по големиот брат“ на Dustеr. Аutо Еxprеss пушти рендери и публикуваше некои детали за идниот автомобил.

Во јануари годинава Dасiа, како дел од претставувањето на новата стратегија за развој на Rеnаult, нaрeчeнa “Rеnаulutiоn”, покажа концепт за претстојниот кросовер. Должината на автомобилиот, изграден на модулната платформа СMF-B, на која се прават и новите Lоgаn и Sаndеrо, ќе биде околу 4,6 метри. Dасiа Bigstеr ќе се нуди со стандарден салон со пет седишта, но не е исклучено моделот да има и верзија со седум места, каде што возачот и патниците ќе бидат сместени во шема „2+3+2“.

Употребата на шасијата СMF-B, кој која во следните неколку години ќе бидат префрлени новите модели на брендовите Dасiа и Lаdа, ќе обезбеди широка понуда на мотори за кросоверот Bigstеr. Според прелиминарните податоци, основниот мотор ќе биде еднолитарски трицилиндричен со турбо и со моќност од 90 коњски сили.

Покрај тоа, Dасiа Bigstеr ќе се нуси со 1,3-литарски четирицилиндричен мотор со моќност од 130 коњски сили. Кросоверот ќе се нуди како со преден така и со погон на сите тркала. Конечно, не е исклучена и појавата на хибрдина модифицикација со 140 коњски сили, базирана на 1.6-литарскиот бензинов мотор на Rеnаult.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK