Новата Skoda Fabia достапна и на македонскиот пазар

ОБЈАВЕНО НА:

Дваесет и две години по првото деби на ŠKODA FABIA, импортерот за чешкиот бренд Порше Македонија официјално ја претстави четвртата генерација на популарното градско возило. Основано на модуларната платформа MQB-A0 на Volkswagen групацијата, новата FABIA е најпросторното возило во сегментот, и вклучува бројни функционалности, како и напредни системи за безбедност. Класичните бренд карактеристики на ŠKODA, како одличната вредност за пари, високото ниво на функционалност и бројните Simply Clever решенија, ја прават новата FABIA вистинска ŠKODA.

За прв пат, ŠKODA FABIA се базира на модуларната платформа MQB-A0 од групацијата Volkswagen, што овозможи да се направи ентериерот уште поголем. Сега надминувајќи ја границата од четири метри, на 4.108 mm, новата FABIA е значително подолга од претходникот. Багажникот кој со 330 литри веќе беше најголем во сегментот – доби дополнителни 50 литри до капацитет од 380 литри. Со преклопување на задните седишта, капацитетот на багажникот може да се зголеми на 1,190 литри. Бидејќи се заснова на MQB-A0, новата FABIA сега може да се пофали и со многу системи за помош кои претходно беа резервирани за возила од повисоко ниво. Во комбинација со уште поцврстото тело, малиот автомобил нуди одлична активна и пасивна безбедност.

„FABIA е составен дел од нашето портфолио повеќе од 20 години и ги отелотворува основните вредности на нашиот бренд како никој друг модел. Најновата генерација има сè што е потребно за беспрекорно да се надоврзе на успехот на своите претходници. Нуди повеќе простор од неговите конкуренти, совршена поврзаност, напредни системи за безбедност и емотивен дизајн – со други зборови, се што ви треба, и малку повеќе“. – изјави бренд менаџерот на ŠKODA г-дин Миле Станчев.

Новиот емотивен дизајн и самоуверените пропорции ја прават новата FABIA многу привлечна. Предните светла со остри линии, како и задните светла со модерна LED технологија и кристални структури, го истакнуваат динамичниот изглед. Редизајнираниот ентериер се одликува со симетрична табла со централен дисплеј, опционална група на дигитални инструменти и хоризонтални украсни ленти. Во Македонија достапни ќе бидат нивоата на опременост Active, Ambition и Style во комбинација со два бензински мотори од сегашната генерација EVO на групацијата Volkswagen кои испорачуваат моќност во опсег од 48 kW (65 КС) до 59 kW (80 КС). Со коефициент на воздушен отпор (cd) 0,28, FABIA е најаеродинамичен автомобил во својот сегмент, што – заедно со опционален резервоар за гориво од 50 литри – овозможува опсег од повеќе од 900 км според циклусот WLTP.

Внатрешност: повеќе простор, поголем комфор и многу технологија

Внатрешноста на FABIA воспоставува совршена рамнотежа помеѓу емотивноста и ергономијата. Визуелно, се карактеризира со централен инфозабавен систем до 9,2 инчи. Покрај најсовремените системи за инфозабава, кај FABIA за прв пат може да се вгради и 10,25-инчна дигитална инструмент табла. Карактеристиките за комфор, кои вообичаено се наоѓаат во возилата од повисоко ниво, како што се греење на  ветробранско стакло и греење на волан, се дополнителни опции што го имаат своето деби кај FABIA. Останати детали во внатрешноста кои претставуваат новост кај FABIA е амбиенталното осветлување и за прв пат, двозонска автоматска клима.

Поврзување

ŠKODA ја опреми новата FABIA со инфозабавни системи кои имаат екрани до 9,2 инчи. Малиот автомобил добива пристап до интернет благодарение на вградениот eSIM, што во исто време овозможува пристап до интернет радио. Паметните телефони можат да се поврзат со автомобилот преку безжична SmartLink конекција без потреба од кабел и индуктивно да се полнат во Phone Box. Amundsen, врвниот систем за инфозабава може да се управува со контрола на гестови и со помош на дигиталниот асистент Laura.

Безбедност: нови системи за асистенција и до 9 воздушни перничиња

Патувањето секогаш е лесно со Travel Assist, поудобно со Park Assist, и за прв пат кај FABIA, напредна верзија на Travel Assist системот кој нуди автоматска поддршка со лонгитудинално и латерално управување на возилото. Овој систем се активира едноставно, со притискање на копче и системот комбинира неколку системи за асистирање во исто време. До брзина од 210 км/ч Адаптивниот Темпомат (ACC) автоматски ја приспособува брзината со возилото пред него. Lane Assist системот ја одржува FABIA на средина на коловозната лента и врши корекции кога се потребни. Користејќи го Hands-On Detect системот, Travel Assist проверува дали возачот го држи воланот постојано. Напредниот Blind Spot Detect (Side Assist) е достапен опционално. Овој систем го предупредува возачот за возила до 70 метри и се активира доколку возачот започне маневар на претекнување додека возило се наоѓа во слепата точка. FABIA исто така активно помага при паркирање. Park Assist системот работи на брзини до 40 км/ч и бара соодветно паралелно или стандардно паркинг место, кое откако ќе биде пронајдено, возачот единствено ракува со педалите, додека управувањето се контролира автоматски. Maneuver Assist системот ги користи сензорите за детектирање на препреки пред или зад возилото при паркирање и ги активира сопирачките автоматски. Traffic Sign Recognition (систем за препознавање на сообраќајни знаци) и Front Assist системот со Predictive Pedestrian and Cyclist Protection (предвидлива заштита на пешаци и велосипедисти) се исто така нови системи достапни кај FABIA.

Мотори: пониска потрошувачка, поголем досег

Во моментот во понудата на достапни се два бензински агрегати во четвртата генерација на ŠKODA FABIA. Најновите EVO мотори на групацијата Volkswagen кои се достапни во FABIA, се во согласност со строгиот стандард за емисии Euro 6 AP. Излезната моќност се движи од 48 kW (65 КС) до 59 kW (80 КС).

Simply Clever: Пет нови решенија кај новата FABIA

Со комплетно нови функционални карактеристики, чешкиот производител на автомобили ја продолжува својата традиција да нуди Simply Clever решенија во четвртата генерација на FABIA. Во зависност од спецификацијата, новата ŠKODA FABIA нуди вкупно до 43 практични детали што го прават возилото полесно за употреба во секојдневниот живот – тоа е повеќе од кога било досега. Опсегот се протега од класиците на ŠKODA, како што се стругалка за мраз во капакот за полнење гориво со мерач за длабочина на шарата на гумата, држач за билети за паркинг на A столбот и чадор во вратата на возачот, до нови паметни детали што го прават ентериерот и багажникот многу поуреден со многу малку напор.

Нови Simply Clever решенија кај FABIA:

  • Преклопувачко совозачко седиште
  • Два џеба за смартфон на задниот дел од предните седишта
  • Мултифункционална остава за работи
  • USB-C приклучок на ретровизорот
  • Преклопувачки флексибилен отвор за работи во багажникот
  • Светло за читање во задниот дел кое се активира од напред
  • Отстранувачки држач за чаши
  • Две куки за закачување на кеси на горниот дел од системот за прицврстување во багажникот
  • Држач за картички и монети во отворот на фиоката пред совозачот
  • Остава за работи во тунелот пред задните седишта со држач за чаши
  • Отстранлив визир за сонце со панорамски кров
  • Заштита на прагот на отворот од багажникот

ŠKODA носи 22-годишно искуство во сегментот на мали автомобили. Од неговото лансирање на пазарот во 1999 година, хечбекот FABIA и FABIA COMBI се важни темели на успехот на чешкиот производител на автомобили, со повеќе од 4,5 милиони произведени единици. Тој е втор најпродаван модел ŠKODA по OCTAVIA и едно од најпопуларните возила во неговиот сегмент.

Новата FABIA е достапна во сите овластени продажно-сервисни центри на ŠKODA во Македонија, со почетна цена од 14.500 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK